The Mountain Within им помага на корисниците да ја откријат најдобрата верзија од себе|Интервју со Стефанија Дејановиќ
- (ИНТЕРВЈУ) Коцевски: Како синдикат изразуваме поддршка за борбата против криминалните појави во МВР - 12/02/2025
- Сакате работа од соништата? Заборавете на CV – еве што навистина ви треба - 12/02/2025
- Колку претставки добил Државниот инспекторат за труд за неисплатен К-15 во 2024 година? (Графикон) - 06/02/2025
Стефанија Дејановиќ е дизајнер на корисничко искуство и голем љубител на планини. Таа воедно е и креатор на алатка која може да им биде од голема помош на луѓето во разни сегменти од животот. За што станува збор подетално, прочитајте подолу во интервјуто:
Работник: Која е Вашата биографија?
Дејановиќ: Имам 27 години и живеам во Скопје. По природа сум авантурист и слободен дух, љубител на планини, трчање и аутдор активности. Работам како UX Дизајнер, додека срцето и умот ми се во разбирање и проучување на човечката психологија и ум, коучинг и подобрување на својата личност. Едно од најголемите верувања ми е дека нема нешто што човек не може да направи и да оствари, само треба да го отвори умот и да верува доволно во себе.
Работник: Што е The Mountain Within?
Дејановиќ: The Mountain Within e движење, пристап и начин на размислување кој им помага на корисниците да ја откријат најдобрата верзија од себе.
Целта е да го откријат и искористат својот потенцијал и преку тоа да живеат поисполнет и посреќен живот.
Тоа е резултат на сеопфатниот пристап кој им помага на индивидуите да се поврзат со внатрешниот глас и да се запознаат себеси подобро преку креирање на својата визија, вредности,и правење рефлексија (дневна, неделна, месечна, годишна), и секако да поставуваат цели кои ним им се значајни и да го испланираат процесот како ќе ги постигнат истите.

Работник: Од каде Ви дојде идејата да креирате ваков вид на алатка?
Дејановиќ: Претходно користев други планери и дневници, и се трудев да најдам некој што ќе ми одговара и ќе го нуди тој сеопфатен пристап што го споменав претходно.
Бидејќи не успеав да најдам, а по професија сум Дизајнер за Корисничко Искуство (UX Дизајнер), решив целото знаење што го имам од областа да го насочам кон градење на сеопфатна алатка која ќе им помогне на корисниците да го извлечат најдоброто од себе.
Така пред една година ја добив идејата да креирам ваков планер, и денес среќна сум што конечно таа идеја е реализирана.
Љубител сум на планини, и таа филозофија на искачување на планина и достигнување на планинскиот врв, е дел од самиот концепт на овој бренд. Верувам дека сите си имаме свои планини кои ги качуваме во себе, без разлика дали станува збор за постигнување на некоја амбициозна цел, или едноставно надминување на некој предизвик со кој се соочуваме.
Неодамна научив да гледам на сите предизвици како на подарок, затоа што баш во овој процес на надминување на истите, сите ние растеме и напредуваме.
И тоа е и еден од главните мотиви на планерот. Да им помогне да корисниците со време да го “преземат” овој начин на размислување, и самоуверено да застануваат исправено пред се што носи животот. А во тој процес, да креираат необична и извонредна верзија од тоа што се тие.

Работник: Како Вас лично Ви помогна оваа алатка?
Дејановиќ: Вредноста која лично ја гледам е голема, во однос со “трошокот” (финансиски, временски итн.)
Овој планер/ дневник за мене претставува “безбеден” и приватен простор за изразување и истражување на моите емоции и мисли, желби и цели, без страв од “судење” или цензура.
Лично мене ми помогна да ја зголемам самосвесноста и подобро да ги разбирам своите чувства и мисли, што резултираше со зголемена самодоверба и благосостојба, и секако намалена анкциозност и стрес.
Делот со поставување визија, цели и планирање, ми помогна да добијам фокус и јасна слика за тоа што сакам да постигнам, и како да стигнам до таму. Таа јасна слика за мене претставува водич во донесување на секојдневни и поголеми одлуки.
Работник: Што е она што можат корисниците да го исползуваат од алатката? За што можатистата да ја користат?
Дејановиќ: Со редовно пишување секој ден, што не одзима повеќе од 10 минути за планирање и рефлексија, корисниците на планерот се здобиваат со поголем фокус и концентрација, јасна слика за кој е чекорот кој треба да го направат денес, зголемена дисциплина и одговорност за себе. Тоа на долг рок резултира во откривање и искористување на сопствениот потенцијал и креирање на една поизвонредна верзја од себе.
Понатаму, еден од главните бенефити е што рефлексијата помага во ослободување од стресот и од затворените потиштувачки емоции, преку соочување со стресните и предизвикувачки ситуации, со што истите се надминуваат.