ЕкономијаМакедонија

УЈП ја објави новата листа на должници: Неплатени даноци од скоро 12 милијарди денари

Управата за јавни приходи ја објавуви Листата на должници бр.03/2026 за долгови доспеани до 30.11.2025 и неплатени до 28.02.2026 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
повисок од 300.000 денари за правните лица

Нова листа на должници: Бројот на физички лица во пораст

На Листата на должници бр.03/2026 објавени се 2007 должници – правни лица (повеќе за 3 од претходната листа) и 4101 физички лица (повеќе за 94 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.03/2026 изнесува 11.921.921.654денари, (помалку за 255.455.934 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 11.705.166.461 денари, (помалку за 260.021.486 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 216.755.193 денари (повеќе за 4.565.552 од претходната листа).