УЈП предупредува за лажни SMS пораки за „поврат на данок“ – не кликајте на линковите!
Управата за јавни приходи (УЈП) упати итно предупредување до граѓаните поради појава на лажни SMS пораки во име на Управата за јавни приходи (УЈП), со известување дека „даночниот поврат е подготвен“ и со приложен линк..
Од Управата апелираат до сите кои ќе добијат ваква порака да го игнорираат линкот, да не го отвораат и во никој случај да не внесуваат лични или финансиски податоци, бидејќи станува збор за порака која може да биде обид за измама и злоупотреба на лични и финансиски податоци.
“ Ги повикуваме граѓаните сите информации поврзани со УЈП да ги проверуваат исклучиво преку официјалните канали на Управата за јавни приходи, односно преку официјалната веб-страница www.ujp.gov.mk, официјалните е-услуги и официјално објавените контакт-адреси и телефонски броеви“.
За каква било проверка или сомнение, граѓаните можат да се обратат преку следниве официјални канали:
Официјална е-пошта: info@ujp.gov.mk
Инфо центар: 0800 33 000 (само од фиксни оператори) / 02 3253 200
Официјална веб-страница: www.ujp.gov.mk
Не кликајте на линкови од сомнителни SMS пораки и не споделувајте лични или банкарски податоци.


