Занимливости

Вака ќе изгледа авионот на иднината: Од „брачни кревети“ до приватно кино

Да бидеме искрени, летањето одамна не е онака забавно како што некогаш било. Помеѓу бескрајните редови на аеродром, доцнењата и цените на билетите, патувањето со авион често носи повеќе стрес отколку возбуда. Сепак, додека краткорочната иднина на авио-сообраќајот мометнално е „под облаци“ поради цените на горивата, долгорочните планови на авио-компаниите ветуваат револуција во удобноста.

Ви претставуваме концепти кои наскоро би можеле да го променат начинот на кој ги преминуваме континетите.

Ваша приватна дигитална оаза

Еден од најфутуристичките концепти на седишта, наречен „Origin“ бил претставен на саемот во Хамбург. Наместо класичен екран, овој концепт нуди масивен, закривен U-led екран кој ги опкружува патниците.

Овој систем го претвора вашето седиште во „wellness“ простор каде сами го избирате дигиталниот пејсаж, осветлувањето и атмосферата. Шлаг на торта? Седиштата имаат интегрирано озвучување за кое не ви се потребни слушалки, како и паметни перници кои се прилагодуваат на вашето тело во текот на долгите летови.

Дали е ова спас за економската класа?

Шпанскиот стартап Chaise Longue сака да го искористи вертикалниот простор на кабината за на патниците во економската класа да им пружи комфор кој потсетува на бизнис класа. Нивниот дизајн подразбира седишта на две нивоа.

Наместо да збиваат повеќе луѓе, целта е на долното ниво да се овозможи огромен простор за нозете и можност за потполно навалување на седиштата. Креаторот Алехандро Нуњез Висенте истакнува дека целта е да се пружи приватност и удобност без зголемување на густината на патници, концепт кој би можел да стане нов стандард за Premium Economy класата.

Работни капсули во облаци

Покрај забава, новите концепти вклучуваат и „работни капсули“ (work pods) за оние кои не сакаат да губат време додека се во воздух. Овие единици се дизајнирани да ја изолираат галамата и да пружат ергономски простор за работа, претворајќи го вашиот лет во продуктивна канцеларија над облаците.

Иднината на летањето повеќе не е само во брзината, туку и во тоа колку одморно се чувствувате кога ќе слетате. Ако овие концепти заживеат, долгите летови би можеле да станат најомилениот дел од вашето патување, а не само „неопходно зло“.

Извор: BIZLife/K.J.