Водата за пиење во Скопје ги исполнува стандардите, покажуваат најновите анализи
Водата за пиење во Скопје е безбедна и ги исполнува пропишаните стандарди за квалитет, покажуваат најновите лабораториски анализи на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Според резултатите од испитувањата спроведени од 19 до 22 октомври 2026 година, Секторот за санитарна контрола зел вкупно 318 примероци вода за анализа.
Од нив, 159 примероци биле наменети за физичко-хемиска, а дополнителни 159 за микробиолошка анализа.
Примероците биле земени од 44 мерни места на територијата на Скопје, со цел да се проверат квалитетот и исправноста на водата за пиење.
Резултатите од лабораториските испитувања потврдуваат дека водата во градскиот водовод ги исполнува пропишаните стандарди за безбедност.

