Светот на работникот

Заработува 3,000 евра и повторно се жали – Балканец предизвикал мноштво на коментари

„Работам во Германија веќе четири години и имам околу 3,000 евра нето. Мислев дека досега ќе заштедам сериозни пари, а на сметката речиси ништо. Кирија, автомобил, осигурување, годишен одмор, сметки… На крајот на месецот секогаш исто.“

Оваа објава на еден работник од Германија започнала бурна расправа помеѓу иселениците од Балканот, откако искрено го споделил своето искуство за животот и трошоците во една од најсилните европски економии.

Како што напишал во една Фејсбук група, и покрај плата од 3,000 евра нето месечно, и после четири години работа не успеал да заштеди поголема сума на пари. Поради тоа ги прашал другите дали проблемот е во неговото управување со финансиите или денес навистина е тешко да се заштеди дури и во Германија, пишува Večernji list, пренесува Курир.

Расправа: Кој е во право?

Коментарите набрзо се поделиле во два табори – едни сметале дека проблемот е во лошото планирање на трошоците, додека други тврделе дека животните трошоци едноставно станале превисоки.

„Во тебе е проблемот“, гласел еден од најдиректните коментари, додека другите биле уште поостри:

„Финансиски си неписмен и неодоговорен.“

Некои го обвиниле дека ја преувеличува ситуацијата, со порака како:

„Најлошо е човек кога самиот себе се лаже.“

Меѓутоа, дел од корисниците застанале во негова одбрана, истакнувајќи дека 3,000 евра во Германија не е износ кој автоматски гарантира заштеда.

„За живот во Германија тоа не е многу, тоа е нормална плата. Откако ќе платиш се’, не останува многу за штедење“, напишала една жена која живее во Германија.

Таа додала и дека луѓето од Балканот често имаат нереална слика за платите и стандардот во Германија.

„Нашиот народ сака да преувеличува и да се фали. Во Германија не се зборува за плата, тоа го прават само нашите“, навела таа.

Се’ зависи од животниот стил

Неколку коментари укажале дека клучот на проблемот лежи во животните навики и трошоци.

„Што ќе ти е автомобил на лизинг?“, прашал еден од корисниците, сугерирајќи дека многу иселеници непотребно го подигнуваат стандардот на живот.

Други навеле дека за штедење потребно е одрекнување.

„Намали ги излегувањата, пази на трошоците, особено ако пиеш. Европа јаде се’. Ако си дисциплиниран, можеш да заштедиш и од 1,000 до 1,500 евра месечно.“

Некои заклучиле дека клучот е во минимализмот:

„Ако сакаш да штедиш, мораш да живееш скромно, без многу излегувања и со контролирани трошоци. Дури тогаш нешто може да се зачува.

Враќање дома или реалност на животот во странство?

Расправата отишла и во друга насока – од штедење до одлука за заминување од странство.

„Врати се, купи две кози и две овци и ќе бидеш свој на своето“, се пошегувал еден корисник.

Други тврделе дека и на Балкан може добро да се живее: „Жена ми и јас во Хрватска заработуваме 4,800 евра месечно, трошиме околу 1,000. Се’ останато ни останува. Не гледам ништо посебно во Германија.“

„Да се живее денес или да се штеди за утре“

Имало и коментари кои во прашање ја довеле и самата идеја за заштеда.

„Уживај, какво штедење – денес знаеш дека си жив“, напишал еден корисник.

Слично мислење имала и една жена:

„Дали дојде да живееш или да штедиш?“

Други предупредиле дека преголемата фокусираност на работата и одрекувањето може да има и своја цена по здравјето и квалитетот на живот:

„Можеби ќе заштедиш, но го губиш здравјето – колена, срце, стрес…“, навел еден коментатор.

Расправата уште еднаш покажала колку различно се доживува животот „надвор“ – помеѓу очекувањата, реалните трошоци и личните приоритети.

Извор: Bizportal.rs