Зошто генерацијата З избегнува телефонски повици и како тоа влијае на работата?
Стравот од телефонски повици станува се’ почеста препрека во професионалниот развој на младите вработени, а последиците, според новите истражувања, веќе се чувствуваат на работното место и во кариерата.
Истражувањето кое го спровела апликацијата за саморазвој RiseGuide, на примерок од 2.000 припадници на генерацијата З и миленијалците, покажало дека 42 % од испитаниците не одговараат на телефонски повици, додека 58 % однапред се подготвуваат или ги „вежбаат“ разговорите пред да ги направат.
Избегнувањето на повиците се’ повеќе влијае на кариерата
Иако на прв поглед делува како лична преференца, последиците на ваквото однесување се многу подлабоки од нелагодноста. Дури 78 % од испитаниците кои избегнуваат телефонски разговори наведуваат дека поради тоа пропуштиле финансиски или професионални шанси.
Во истражувањето се воведува и терминот „callergy“, која ја опишува се’ поизразената нелагодност и избегнувањето на телефонската комуникација, со се’ почесто потпирање на пораки, мејлови и социјални мрежи.
„Пораките и мејловите ни даваат простор да го уредиме она што имаме да го кажеме, додека разговорот во живо или преку телефон изискува моментална реакција“, објаснува Џејми Кампанела, експерт за продуктивност во RiseGuide.
Таа додава дека одложувањето на тешки разговори често само ја влошува ситуацијата: „Избегнувањето најчесто создава поголеми проблеми отколку самиот разговор, пропуштаме шанси, ги нарушуваме односите и трошиме повеќе енергија на грижа отколку на решавање на проблемите.“
Телефонските повици стануваат постресни од поважните животни ситуации
Интересно е дека младите се’ почесто наведуваат дека непланираните телефонски разговори им се меѓу најстресните облици на комункација, а во некои случаи постресни и од разговорите за работа или ракинување врска.
Дополнителен притисок доаѓа и од моменталниот пазар на труд, кои многу млади професионалци ги принудува да излезат од зоната на комфорот за воопшто да дојдат до стабилно вработување.
Еден испитаник од Генерацијата З, кој работи во ХР сектор и се обидува да премине од привремен договор на постојано вработување, за Business Insider рекол дека се јавува на телефон само кога е во активна фаза на барање работа. Непознатите броеви најчесто ги игнорира, освен ако не очекува повик.
Тој признал дека непланираните повици му делуваат како „отворање на мистериозна кутија“, додека однапред закажаните разговори со јасни теми значајно му ја олеснуваат комуникацијата.
Дигиталната генерација помеѓу пораките и вистинската комуникација
Генерацијата З и миленијаците генерално преферираат пишана комуникација, но истовремено се’ повеќе се обидуваат да го намалат вкупното време поминато на телефон.
Додека некои прибегнуваат кон дигитален детокс и апликации за ограничување на користењето на уредите, тоа не значи дека се поподготвени за спонтани повици, напротив, тие често остануваат еден од најголемите извори на стрес.
Извор: BIZLife

