Зошто вработените губат мотивација дури и кога се добро платени?
Темелните двигатели на човечката благосостојба често остануваат вон фокусот на менаџерот. Фосусот се става на резултати, метрики и ефикасност. Но, она што не се гледа често има најголемо влијание. Токму темелните двигатели на човечката благосостојба ги обликуваат ангажманот, мотивацијата и долгорочните резултати на вработените.
Шефовите се тренирани да ги следат ефикасноста и продуктивноста. Тоа се мерливи категории.
Но, вработените не работат само низ бројки. Тие бараат смисла, поврзаност и чувство на вредност.
Кога тие елементи ќе изостанат, резултатите краткорочно можат да останат стабилни. Долгорочно, доаѓа до пад на ангажманот и раст на незадоволството.
Луѓето сакаат да знаат дека нивната работа има смисла. Сакаат чувство на припадност и повразност. Исто така, сакаат работата да ги одразува нивните вредности.
Без тоа, работата станува сама задача. Со тоа, работата станува извор на енергија и мотивација.
Секој вработен, свесно или несвесно, го има истото прашање:
„Дали мојата работа важна и дали сум јас важен во неа?“
Ако одговорот е да, вработените даваат повеќе од минимум. Покажуваат иницијатива, отпорност и креативност.
Ако одговорот е не, ангажманот станува површен. Со текот на времето доаѓа до исцрпување и оддалечување од работата
Три потреби кои ги движат луѓето
- Потреба за важност – Вработените сакаат да чувствуваат дека нивната работа има влијание. Признанието и чувството на придонес се клучни за мотивација.
- Потреба за припаѓање – На луѓето им е потребно чувството на сигурност и повраност. Тимската култура и односот со надредените имаат голема улога.
- Потреба за усогласеност – Работата треба да ги одразува личните вредности. Кога постои усогласеност, растат ангажманот и отпорноста.
Како лидерите можат да направат разлика
Лидерите кои ги разбираат овие потреби делуваат поинаку. Тие јасно ја поврзуваат работата со поголемата цел.
Активно ги слушаат вработените. Поставуваат прашања за тоа како работата може да има повеќе смисла.
Исто така овозможуваат прилагодување на улогите. Со тоа вработените добиваат шанса за поголемо влијание.
Пример од пракса
Една искусна шефица побарала дополнителна одговорност. Сакала поголемо влијание и поблиска соработка со тимот.
Откако добила шанса, нејзиниот ангажман дополнително пораснал. Резултатите останале високи подолг период.
Овој пример покажува колку малата промена може да има голем учинок.
Смислата како двигател на успехот
Истражувањата ја потврдуваат оваа повразност. Кога вработените гледаат смисла во работата, расте нивната отпорност и мотиавација.
Спротивно на тоа, губењето смисла доведува до пад на енергијата и ангажманот.
Вработените кои чувствуваат цел постигнуваат подобри резултати и долгорочно остануваат ангажирани.
Темелните двигатели на човечката благосостојба не се додаток. Тие се основа за успешно работно опкружување.
Лидерите кои ги игнорираат го губат потенцијалот на своите луѓе. Оние кои ги развиваат добиваат ангажирани, мотивирани и лојални тимови.
Затоа е јасно: темелните двигатели на човечката благосостојба се клучот на одржлив успех на секоја организација.
Извор: bankar.me

