Автобусите ќе можат да возат со 100 % капацитет
Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници со максимален капацитет од 100% на сите превозни средства со максимално почитување на мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19, со обврска превозниците одговорно да ги спроведуваат и контролираат мерките за лична заштита заради превенција предвидени со протоколот за организирање превоз на патници.

