Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот со поддршка за македонските текстилни компании
Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дејан Павлески денеска е во работна посета на текстилни компании во источниот регион од земјата. Работните средби се одржаа со менаџментот на компаниите и на истите присуствуваше Наташа Сивеска – Извршен директор на Трговско Текстилно здружение – Текстилен кластер.
Во текот на денешната посета, реализирани беа работни средби со компаниите Албатрос од Штип, како и Данитекс и Метас од Кочани. Овие компании во 2018 и 2019 година со поддршка на Агенцијата имаа можност успешно да се претстават на националниот штанд на саемот за текстилна индустрија во Минхен – Munich Fabric Start, во организација на Агенцијата, Текстилниот кластер и SIPPO.
Повеќе на Бизнис вести

