Светот на работникот

Оваа работа е меѓу најбараните во ИКТ секторот

Сајбер безбедноста денес е една од најбрзорастечките области во ИКТ индустријата, а побарувачката за стучњаци кои можат да препознаат и спречат безбедносни закани континуирано расте.

Имено, организациите од сите големини се соочуваат со се’ посложени сајбер напади, поради што и занимањата како аналитичар за сајбер безбедност, стручњак за сајбер безбедност и менаџер за сајбер безбедност, односно стручњаци за кибернетичка безбедност, станала клучна за заштита на деловните системи и податоци, пишува Posao.hr.

Како изгледа работата на стручњак за кибернетичка безбедност?

Работата на стручњак за кибернетичка безбедност опфаќа препознавање на безбедносите ризици, анализа на ранливоста, како и развој и спроведување на стратегии кои ја намалуваат можноста од појавување на безбедносни инциденти.

Додека аналитичарите за сајбер безбедност ги следат секојдневните закани и ги откриваат потенцијалните слабости на системите, стручњаците за сајбер безбедност учествуваат во спроведувањето на безбедносни контроли и ревизии. Од друга страна, менаџерите на сајбер безбедноста водат тимови и ги координираат активностите насочени на управување на ризици и заштита на организациите.

Стручњаците за сајбер безбедност се одговорни за проектирање, имплементација, надзор и одржување на безбедноста на податоците и информациските системи во организацијата. Нивната главна задача е да ги препознаат безбедносните ранливости, да ги отстранат и навремено да реагираат на инциденти како хакерски напади или неовластен пристап на системите.

Оваа работа е поврзана со работата на инженерите за сајбер безбедност кои ги развиваат техничко – безбедносните решенија. Конкретно, аналитичарите пружаат повратни информации и предлози за унапредување на постоечките системи за организациите да бидат подобро заштитени од сајбер закани. Нивниот фокус може да биде на хардверот, софтверот или други технологии кои напаѓачите би се обиделе да ги компромитираат.

Стручњаците за кибернетичка безбедност мораат да ги имаат овие вештини

Работата на стручњакот за кибернетичка безбедност подразбира откривање и отстранување на безбедносните пропусти, спроведување или координација на пенетрациските тестирања, развој на безбедносните политики на ниво на цела организација, како и документирање на безбедносните инциденти и ранливости. Исто така, важно е континуирано да се следат новите трендови и закани во областа на информациските технолгии и кибернетичка безбедност.

За успешна кариера во областа на кибернетичката безбедност потребно е да се комбинираат техничките знаења и развиените аналитички способности. Стручњаците за кибернетичка безбедност мора да ги разбираат функционирањето на компјутерските мрежи, оперативните системи, безбедносните протоколи и алатките за заштита на податоци, но и да бидат способни брзо да ги препознаат потенцијалните закани и да реагираат на безбедносни инциденти. Подеднакво се важни и вештините на решавање проблеми, критичко размислување и запазување на деталите, бидејќи и најмалиот безбедносен пропуст може да има сериозни последици.

Меѓутоа, покрај техничките стручности, се’ повеќе се ценат комункациските и тимските вештини, бидејќи за кибернетичка безбедност често соработуваат со ИКТ одделението, менаџментот и другите вработени за да се обезбеди ефикасно спроведување на безбедносните протоколи и заштита на организацсиките системи.

Зошто оваа работа е се’ попопуларна?

Пазарот на кибернетичка безбедност продолжува да бележи силен раст на глобално ниво, за што сведочат и најновите процени на индустријата. Се очекува дека вкупната светска потрошувачка на безбедносни технологии и услуги во текот на 2026 година да достигне приближно 500 милијарди американски долари. Во однос на претходната година, се предвидува зголемување на инвестициите помеѓу 10 и 20 %, што ја одразува растечката потреба за заштита на дигиталната инфраструктура од страна на организациите.

Една од главните причини за таквиот тренд е континуираниот пораст на бројот и сложеноста на сајбер нападите. На европско ниво во текот на минатата година забележан е раст на учеството на нападите поголем од 20 % во однос на минатата година. Особено загрижува податокот дека речиси 40 % од сите напади во Европската унија биле насочени кон институциите и организациите на јавниот сектор, кои се’ почесто стануваат мета на сајбер криминалци.

Сличен тренд е забележан и на национално ниво. Националниот CERT во текот на изминатата година примил приближно 36 % повеќе пријави за сајбер инциденти во однос на 2024 година. Најчести видови на напади биле обиди за фишинг (phishing), ransomware нападите, компромитирана емаил комуникација, како и напади на мрежната инфраструктура.

Извор: b92.net