Ако Трпе Деаноски од УПОЗ е толку задоволен од договорот, тогаш зошто денеска го блокира Собранието?
Според Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски во неделата беше потпишн историски договор за зголемување на платите на вработените во администрацијата за 40 % до 2028 година, а сепак денеска го гледаме дека излегува да го блокира влезот пред Собрание. Оттаму се прашуваме што сака да каже Г-динот Деаноски со таквиот настап?



Тој на самата прес-конференција којашто се одржа во Владата на Република Македонија кажа дека е постигнат токму историски договор за вработените кои тој ги застапува.
„Ќе имаме поповолни права од она што е потпишано во Општиот колективен договор и систем кој ќе гарантира дека до 2028 година овие вработени ќе имаат достоинствени плати за работата што ја извршуваат“, изјави Деаноски во неделата.

Премиерот Христијан Мицоски денеска во изјава за медиумите рече ова има политичка позадина, бидејќи еден од протестатите држел прес-конфееренција заедно со него видно задоволен од постигнатиот договор.
Да потсетиме, во неделата беше потпишан договор со кој на 11,000 вработени во администрацијата до 2028 ќе им се зголемат платите за 40 %.

