Ралповски: Исфрустрираноста на дел од синдикатите донесе до загрозување на платите во администрацијата
Она што е исфрустрираност на дел од синдикатите донесе до загрозување на платите во дел на администрацијата, затоа што премиерот јасно кажа зошто ССМ и УПОЗ не сакаат да ги потпишат колективните договори во кои се нуди 7557 заедно со минималната плата, а со тоа да има и покачување секоја година, рече Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски, по завршување на седницата на Економско – социјалниот совет.
Тоа во просек би значело дека до 2028 година платите би се зголемиле за 50-60 % на оние административци коишто не добиле никакво покачување, додаде Ралповски.

