ПравдаСветот на работникот

Ампева: Гласен Текстилец не наплаќа ниту денар за помош на работничките

Фејсбук статус на Кристина Ампева:

‼️⚠️Молам за мало внимание од работниците и работничките како и сите поддржувачи на нашата работа ‼️⚠️

Деновиве се вршат некои притисоци од одредени персони врз работничките.
📌Како прв човек на Гласен Текстилец морам да се обратам на мојот личен фб профил и да објаснам повеќе за да биде јасно.
‼️Гласен Текстилец при било каква правна помош не неплаќа ни денар од работничките. Постапки кои се водат пред надлежни институции и судови, адвокатски услуги, ги подмирува здружението, никој друг. Застапуваме постапки кои се битни за владеењето на правото, за работниците и нивните права од работен однос, спорови кои ќе допринесат до натамошна позитивна пракса во корист на работниците.
📢Апел до работничките, не паѓајте на притисоци, како што не паѓаме ни ние од 2016 како активисти, а од 2017 како здружение. Знаеме дека на некои не им е сеедно поради нас, ама не е наша грижа.
✊Бараме само правда. И таа е поголема од било кој. Од било кои пари или закани и притисоци. Се држиме заедно оти сме јаки само така. ❤✊