ЕкономијаМакедонија

Анализа: Само итна вакцинација за спас на економијата во 2021

Короната предизвика светски економски крах, бизнисот заради тоа заостанува за 5 до 7 години. Ако до 2023 година економијата се врати на нивото од пред кризата, сите треба да сме среќни. Бизнсменот Горан Рафајловски во разговор за Сител вели дека кризата влијаеше на сите сектори, освен на телекомуникацискиот, ИТ секторот и онлајн забавата.

Македонија по ништо не се разликува од светот. И тука Владата се обиде да помогне преку пакет мерки, но таа помош не беше доволна за стопанството. Посебно што главно беше наменета за микро и мали фирми, а не беа опфатени средните и големи фирми. За справување со последиците, Рафајловски бара еднаква поддршка за сите.

2021 ќе биде уште потешка, од старт се знае дека првите шест месеци се изгубени, ако Владата не успее да обезбеди вакцина веќе во јануари, ќе биде изгубена цела година.

Рафајловски има порака и за Владата во новата година. Бара поддршка за сите, некомпромисна борба со сивата економија и услови за бизнисот да работи и создава.

Извор: Сител