Без масовно присуство на протестот за спас на Универзална сала
Вечерва изостана масовноста на протестот за спас на Универзалната сала, кој преку иницијативата Солидарни за срцето на Скопје се најавуваше последните денови.
Иницијативата на фејсбук, потекна по објавата на конкурсот, за идејно решение за парк со летна сцена кој според замислите на градските власти, би требал да никне на местото на „Универзална сала“.
По бурните реакции во јавноста на иницијативата и се придружија повеќе уметници.. Но вечерва немаше масовна присутност а речиси и никој од присутните не сакаше да зборува пред камерите.. Но тоа го стори еден од поранешните директори на Универзална, Петар Георгиевски.
Извор: Канал 5

