Бислимовски: Во јануарските сметки за струја ќе го нема надоместокот од 200 денари
Во јануарските сметки за струја ќе го нема надоместокот од 200 денари за мрежарина – соопштија од Регулаторната комисија за енергетика. Ова следува по бурните рекации на граѓаните дека овој надоместок кој требаше да се пресметува од овој месец, беше наплатен уште со декемвриските сметки.
Од Регулаторна тврдат дека не е направена грешка и никој не профитира на грбот на граѓаните.
Извор: ТВ24

