СветСветот на работникот

Ваков оглас за работа досега немате видено – Работодавачот го отстранил и се извинил

Барањата на работодавачите и платите кои ги нудат на потенцијалните работодавачи често умеат да бидат во потполна неусогласеност, а еден таков оглас за работа привлекол големо внимание, но и револот, на социјалните мрежи во Србија.

Огласите работа кои можат да се пронајдат на платформите кои се за тоа наменети или пак на социјалните мрежи, често умеат да бидат нејасни и да не го опишуваат доволно работното место кое им се нуди на потенцијалните вработени. Од друга страна, некои работодавачи одат до таа мера што наведуваат недостижни барања кои треба да ги исполнат кандидатите.

Еден таков оглас се појавил на платформата за пронаоѓање на работа Infostud.rs, а многумина оцениле дека за плата од 50,000 динари, со такво темпо, никој не би работел. Во прашање е позицијата соработник за административни работи.

„Ако не сакате 100 % да се посветите на фирмата, и сакате да имате повеќе обврски, ова не е за вас. Ако не сакате да работите преку викенд или неколку дополнителни часови кога сте му потребни на тимот, ова не е за вас. Ако не сакате да работите напорно, да работите брзо и да соработувате во тимско опкружување, немојте да аплицирате. Ако не можете да се носите со барањата од опкрожувањето во кое вашиот извршен директор ќе биде строг кон вас кога ќе ви дава конструктивни критики за ваше поголемо доборо, ова не е за вас“, се наведува во огласот.

 

Повеќе на BIZLife.rs