Фокус и продуктивност: Зошто најважната работа често останува за на крај?
Во разговорите за продуктивноста често се повторува истото тврдење – проблемот е во недостатокот на време. Деновите делуваат прекратко, обврски има се’ повеќе, а чувството на константно брзање станува секојдневно.
Сепак, кога внимателно ќе се погледне начинот на кој луѓето го организираат работниот ден, станува јасно дека проблемот често не е во времето, туку во начинот на кој се распределува фокусот и приоритетите.
Во пракса, речиси се’ што доаѓа од надвор автоматски добива статус на итно. Пораките, повиците, семејните обврски и барањата од други луѓе често делуваат поважни од задачите кои бараат мир, концентрација и долгорочно размислување.
Поради тоа најважната работа останува за „подоцна“.
Зошто фокусот слабее во текот на денот?
Голем дел од деловните задачи немаат чувство на непосреда итност. Токму затоа е лесно да се остават за крајот на денот, со уверување дека подоцна ќе има повеќе време и мир за сериозна работа.
Проблемот е што тој момент на слобода во главно никогаш не доаѓа.
Истовремено, секојдневните прекини константно го трошат вниманието. Секој прекин ја намалува концентрацијата и го отежнува враќањето во состојба на длабок фокус.
На крајот на денот, останува чувството на постојана активност, но без реален напредок.
Затоа фокусот не е само прашање на организирање на времето. Фокусот пред се’ е прашање на одредување на приоритет.
Мултитаскингот создава илузија за продуктивност
Мултитаскингот често се претставува како посакувана деловна вештина. Во реалноста, станува збор за непрекинато префрлување на вниманието од една на друга задача.
Таквиот начин на работа го зголемува менталниот замор и го намалува квалитетот на работа.
Освен тоа, мултитаскингот често станува начин на избегнување на сериозните задачи. Многу е полесно да се одговори на десет пораки или да се завршат низа на ситни обврски отколку да се започне работа која носи одговорност, неизвесност и можност за грешење.
Поради тоа помалите задачи создаваат лажно чувство на продуктивност. Денот делува исполнето, а клучната задача останува незавршена.
Емоционалниот притисок ги менува приоритетите
Не сите обврски се еднакво психолошки изискувачки.
Задачите поврзани со семејството или очекувањата на други луѓе имаат јасни последици доколку не се извршат веднаш. Од друга страна, стратешките и долгорочните задачи често делуваат како нешто што може да почека.
Во таа тивка хиерархија работата често губи – не затоа што не е важна, туку затоа што не е доволно итна.
Ваквата шема посебно доаѓа до израз кај работата од дома, каде границите помеѓу приватниот и професионалниот живот стануваат се’ помалку јасни.
Работата тогаш се распоредува помеѓу другите активности и се извршува во пократки интервали, а без континуиран фокус тешко е да се оствари сериозен напредок.
Фокусот станува најважен ресурс
Продуктивноста не е прашање на пронаоѓање на дополнителни часови во денот. Многу поважно е да се разбере како постојаното време да се користи.
Во модерното деловно опкружување фокусот станува еден од највредните ресурси. Тој директно влијае на квалитетот на работата, носењето одлуки и конечните резултати.
Без фокус и најдолгиот работен ден може да помине без конкретен учинок.
Најголемиот проблем на современото работење денес често не е количината на обврски, туку константната расфрланост на вниманието.
На крајот, важната задача не останува последна затоа што не е важна. Останува последна затоа што постојано се прилагодува не се’ останато.
Неговата флексибилност станува нова најголема слабост – секогаш постои можност да се одложи за подоцна.
Затоа првото прашање не е како да се пронајде повеќе време.
Многу поважното прашање гласи: што секојдневно ставаме пред она што навистина ни е важно?
Извор: Bankar.me

