МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Вебинар за здравствените аспекти на Ковид – 19: Пропуст е што во Комисијата за заразни болести нема експерт за заштита при работа

Денеска се одржа вебинар на кој се анализираа здравствените аспекти на вирусот Ковид 19, кој беше организиран од страна на Конфедерацијата на слободни синдикати – КСС, заедно со Самостојниот синдикат на Клинички центар и Македонското Здружение за заштита при работа.

На вебинарот свое излагање имаше д-р Горан Беговиќ, претседател на Синдикатот на клинички центар кој зборуваше за здравствените аспекти на пандемијата, посочувајќи дека Синдикатот во неколку наврати упатил предлози до Министерството за здравство и Главниот кризен штаб. 

На вебинарот своја презентација имаше и Милан Петковски, Претседател на МЗЗПР кој зборуваше за проценката на ризик на работните места, како и ја објасни методолгијата за Ковид -возраст која МЗЗПР ја има изработено со доктори по медицина на трудот. Тој посочи дека пропуст е тоа што во Комисијата за заразни болести нема експерт за безбедност и здравје при работа кој со неговата стручност би креирал мерки за заштита на работниците.

Свое излагање имаше и Претседателот на КСС Благоја Ралповски кој даде осврат на случувањата со пандемијата и заразата на работниците и објасни која е целта на вебинарот. 

На вебинарот учествуваа здравствени работници и претставници на синдикати. 

Имено, овој вебинар е трет по ред и е поддржан од проектот на МОТ за „зајакнување на социјалниот дијалог“. 

Бобан Илијевски