ПравдаСветот на работникотСиндикат

ВИДЕО| Ралповски: Нашата цел е остварена- ја подигнавме свеста за работничките права кај работниците

Конфедерацијата на слобдни синдикати на Македонија на денешниот брифинг ги образложи подвизите со коишто се соочила од 2017 година. Претседателот на КСС Благоја Ралповски се осврна на проблемот којшто датира од 2017 година со неусогласувањето на минималната плата со останатите плати во јавниот и приватниот сектор. Посочи дека од истата таа година, па се до 2022, направиле голем број на протести токму за неусогласувањето на минималната плата со колективните договори.

Ралповски го посочи и проблемот којшто вработените го имаа во ек на пандемијата со Ковид – 19 во 2020 година, кога КСС заедно со Македонското здружение за заштита при работа на површина го изнесоа тоа дека Ковид – 19 треба да се третира како професионално заболување и боледувањето да изнесува 100 %, нагласувајќи дека тоа не било земено во предвид од Владата.

Тој истакна и дека нивната цел за подигнување на свеста кај работниците за нивните работнички права е остварена, бидејќи веќе секој ден се зборува за работните односи, што е голема победа за синдикатот.

Подвлече и дека со тоа што работодавачите во јавниот сектор ги прекршуваат законите и колективните договори даваат лош пример на работодавачите во приватниот сектор, додавајќи дека во ниеден случај не може да се очекува да се почитуваат правата на вработените во приватниот сектор, кога оние коишто ги креираат законите од облста на работните односи ги прекршуваат

Зборуваше и за Општиот Колективен договор којшто е во подготовка, за којшто рече дека со него се одредуваат општите права и обврски со платите и дека со истиот не можат да се третираат платите на сите дејности во јавниот сектор.

На бирифингот стана збор и за младите и синдикалното организирање, за што Ралповски истакна дека ќе продолжат да работат на програми во насока на тоа синдикалното делување да стане попривлечно за младите.

Имено, утре КСС ќе одржи Конгрес на кој ќе се избере ново раководство.

Повеќе од брифингот во видеото во прилог:

 

 

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk