КСС: Потпишан Колективен договор со кој се обезбедува 20% зголемување на платите за вработените во јавните установи за социјална заштита!
Фејсбук статус на Конфедерација на слободни синдикати:
📢 Потпишан Колективен договор со кој се обезбедува 20% зголемување на платите за вработените во јавните установи за социјална заштита!
Под покровителство на КСС, денес, во просториите на Министерството за социјална политика, демографија и млади, беше потпишан нов Колективен договор помеѓу Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, и Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани.
📈 Со овој договор, вработените во јавните установи за социјална заштита добиваат 20% зголемување на платите, со што се исправи една долгогодишна неправда во однос на платите на вработените во оваа дејност и претставува значаен чекор кон поголема правичност.
🛠️ Новиот Колективен договор не само што ги подобрува платите, туку значително ги унапредува работните услови, ги зајакнува правата на работниците и придонесува кон посилен и поефикасен социјален дијалог.
🤝 КСС, како и секогаш, останува цврсто посветен на борбата за достоинствени услови и подобрување на положбата на работниците!

