ЕкономијаМакедонија

Владата најавува “пет потрошувачки кошници“

Од владата предлагааат промена на начинот на пресметување на минималната потрошувачка кошничка. Според премиерот Христијан Мицкоски место досегашната пресметка на минималните трошоци за четиричлено семејство, пресметката треба да се прави за пет различни видови домаќинства. За нив ќе се дискутира на следната седница на Економско – социјалниот совет.

„Претставниците на синдикатите, на работодавачите и на Владата на таа седница ќе разговараат и за потрошувачката кошничка која мислам дека треба да биде поделена во пет сегменти: потрошувачка кошничка за самец, потрошувачка кошничка за млад брачен пар, за тричлено семејство, за четиричлено семејство и потрошувачка кошничка за пензионери. Мислам дека во иднина треба да опфатиме анализа на пет потрошувачки кошнички затоа што потребите на луѓето се според возраста, се разбира, но исто така и потребите на луѓето се во зависност од бројноста, како е сочинета една заедница“, вели Мицкоски.

Изминатиот период трошоците на живот се во постојан раст. И со ребалансот на буџетот владата не ги промени проекции за инфлацијата годинава која треба да се оддржи на ниво од 2.7 проценти.