МакедонијаПравдаСветот на работникот

Во овие четири години никогаш не сте се запрашале како работат приватните лекари

Почитуван министре за здравство, почитувани господа од ФЗО и Лекарска комора

Веќе безмалку четри години сте на тие функции кои ги извршувате и во ниеден момент не се запрашавте како работат и како се снаоѓаат лекарите “приватници”, оние кои немаат склучено договор со ФЗО. Како што во 2011 година тогашниот министер за здравство со подзаконски акт (иако по вокација правник) незаконски, бесправно и насилно го промени законот и нас приватните лекари не стави во нерамноправна положба со другите, со неможност да препишуваме лекови затоа што нашите печати немаат број односно не сме дел од таканарачена мрежа. Тоа беше фикс идеја на бившиот министер да ги врати “пребегнатите”лекари од приватното во јавното здравство, се случи обратно, невиден одлив- егзодус на лекари од земјата благодарение на спроведувањето на тогашните погрешни полтики. Значи некој што излегол на пазарот со свое знаење, едукација, реноме и свој капитал, а кој патем не е терет на ФЗО(државата) наместо да е стимулиран бидува екскомунициран од здравствениот систем. Така и сега, пациентите кои одлучиле да одат на приватен лекар по свој избор и ако сакате за свои пари, им се ускратува правото на избор односно тие луѓе на тој начин се дискриминирани, само заради тоа што го направиле. Лошите политики продолжуваат и понатаму.

П. С.

Во разговор со пријател во врска со темава ми вели дека еден наш лекар кој работи како приватен лекар во Норвешка му рекол дека нивниот фонд им исплаќа 20% повеќе од фондовските цени заради зголемениот ризик во работата која тие ја имаат.

Д-р Горан Николов,
специјалист интернист-кардиолог