Од 1 јануари, во сметките за струја ќе се воведе нова давачка за пристап до мрежа. Како што кажа претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски, со оваа давачка ќе плаќаат повеќе оние кои имаат викендици или повеќе станови кои не ги користат.