Вработена во грчка болница внесувала невакцинирани лица во системот за вакцинација
Вработена во грчка болница во системот за вакцинација внесувала невакцинирани лица. Станува збор за жена која работела во администрацијата на болницата која се наоѓала во близина на градот Кардица, а најверојатно целта и била да им направи услуга на оние кои не сакале да се вакцининираат, за да добијат сертификат за вакцинација.
До сега е познато дека работа им завршила на 47 луѓе кои никогаш не се појавиле во конкретниот центар за вакцинација. По реакција на грчкиот министер за здравство дека спроведувањето на фиктивни вакцини е сериозен дисциплински прекрошок со криминални димензии што го загрозува јавното здравје, надлежите отворија истрага.
Извор: Сител

