ПравдаСветот на работникот

(ИКОНОГРАФИК) Гласен Текстилец пружил правна помош на 411 работници/чки во јуни месец

На 411 работници/чки им била пружена правна помош од Здружението на текстилни работници „Гласен Текстилец“, во јуни месец 2021 година, покажува иконографикот кој здружението го објави на својата фејсбук страница.

Најголем опфат на работници има во Штип – 276, каде и се најголемиот број на текстилни фабрики во државата. Потоа следуваат Скопје – 81, Пробиштип – 52 и Делчево – 2. 

Имено, Гласен Текстилец во наведениот период испратил 2 Барања до институции (Министерство за труд и социјална политика и Управата за јавни приходи); 1 приговор од страна на работници/чки до Државниот трудов инспекторат; 1 писмо до бренодовите за кои работат текстилните фабрики; 12 Барања за инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за труд; 1 предупредување пред поведување на кривична постапка на работодавач; 2 Известувања за состојбата на терен до Владата на Р. Македонија; 11 приговори од работници/чки до работодавачи и дало 7 правни совети.