Вработените кои 10 години седеа дома и земаа плата ќе добијат отказ ако двапати одбијат работна позиција
Доколку некој од вработените според Рамковниот договор, кои сега седат дома и примаат плата, двапати одбие опција за ангжаман што ќе му биде понуден за работа во некоја од институците, ќе му биде раскинат работниот однос, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.
– Јас би посакал за сите вработени кога ќе се подготви програмата за префрлање да се има предвид и нивната професионална подготовка и локациите од кај доаѓаат. Истовремено, по подготвување на списокот, тие што нема да прифатат, според нацрт законот, ќе се префрлат во трансфер листата на Министерството за информатичко општество. Во таа трансфер листа ќе се понуди и втора опција, но ако не го прифатат и тоа, ќе се раскине работниот однос на тие што нема да го прифатат и вториот предлог. Ова е добар нацрт закон и сите треба да имаме предвид дека е решавање на долгорочен проблем, рече Шаќири.
Посакува на трансфер листата да има што помалку вработени и процесот да заврши во првата фаза и најавува дека со новите законски решенија ќе се објасни временскиот рок, односно колку време максимум овие лица ќе можат да бидат на листата.
-Колку време тие ќе стојат веднаш МИОА после првата фаза ќе настојува и во другите институции веднаш да се комуницираат и за второто нивно распределување. Истовремено сме во подготовка и на новиот закон за вработени во јавната администрација и во јавниот сектор сектор и тука ќе се предвиди временскиот рок, но после второто одбивање на работата ќе се прекине работниот однос помеѓу нив и ќе се во трансфер листата, појасни Шаќири.
Во однос на префрлањето на вработените од јавната администрација во приватниот сектор информираше дека се уште се подготвува програмата, со која што, како што нагласи, ќе се има предвид никогаш да не биде на товар на вработените во јавниот сектор. Во овој сектор сега се вработени околу 135.000 лица, но бројката е променлива.

