Враќање на работа по добиена судска пресуда
Враќање на работа по добиена судска пресуда
Доколку се водело судски спор за законитоста на одлуката за престанок на работниот однос на одреден работник и е донесена одлука со која судот одлучил дека таквата одлука е незаконита работникот има право да се врати на своето работно место по правосилноста на одлуката доколку истиот го побара тоа.
Покрај враќањето на работа, работодавачот е должен на работникот да му ја исплати бруто платата која би ја земал кога би бил на работа, согласно со закон, колективен договор и договорот за вработување, намалена за износот на приходот кој работникот го остварил врз основа на работа, по престанокот на работниот однос.
Работникот кој го оспорува отказот може да бара судот, привремено, до завршувањето на спорот, да нареди негово враќање на работа, доколку за работникот не е прифатливо да остане во работен однос, судот на барање на работникот ќе го определи денот на престанокот на работниот однос и ќе му досуди надоместок на штета.
Ваквата одлука судот може да ја донесе и на барање на работодавачот ако постојат околности кои оправдано укажуваат дека продолжувањето на работниот однос, со уважување на интересите на двете договорни страни, не е можен.
Тимот на Јуридика

