Газдите да не очекуваат поголема продуктивност од работниците додека не ги зголемат платите
Македонците земаат најниска минимална и просечна плата во регионот. Според висината на минималната плата сме на дното заедно со Босна и Херцеговина, покажуваат најновите податоци на Евростат. Ако направиме споредба со земјите од соседството ќе може да се забележи дека со следното зголемување кое се очекува од март ќе се изедначиме со минималецот кој се исплаќа во Албанија, односно со износот од 350 евра. Од Сојузот на синдикати на Македонија за весникот ВЕЧЕР велат дека со оглед на тоа дека и според минималната и според просечна плата сме на дното од регионот, им порачуваме на газдите да не очекуваат поголема продуктивност од работниците за овие плати.
Повеќе на Вечер.прес

