Гејтс препорачува 5 книги за ова лето: Еден од авторите му е најомилен
Кога ќе се спомене името Бил Гејтс, реакциите се различни: луѓето го сакаат или не го сакаат, но успехот не може да му се оспори.
Бизнисмен, филантроп и основач на Мајкрософт, еден од најценетите и највлијателните деловни луѓе на светот. Во рамките на својот блог, GatesNotes, неодамна дал препорака за 5 книги кои секој би требало да ги прочита ова лето.
„Додека ја составував мојата листа на препорачана литература за на лето, сфатив дека темите кои тие ги покриваат звучат прилично тешко за читање на одмор. Овде има кноги за родова рамноправност, политичка поларизација, климатски промени и за тешката вистина дека животот не оди во насока како што сакаат младите“, напишал Гејтс во првите редови од својата објава на блогот.
Но потоа додал дека „ниедена од книгите кои ги препорачува не се тешки“.
„Секој од писталителите – три романописци, новинар и научник – бил во состојба да земе комплексна тема и да ја направи убедлива без жртвување на било каква сложеност. Ми се допаднаа сите пет книги и се надевам дека ќе најдете нешто во што ќе ужувате“.
Гејтс на крајот, ги повикал сите читатели на блогот слободно да ги споделат своите препораки.
„The Power“ (Наоми Алдерман), книга за која Гејтс добил препорака од својата постара ќерка. „Паметно користи една идеја: што ако сите жени на светот одеднаш стекнат мож да произведат смртоносни електрични шокови од своите тела? На тој начин ги истражува родовите улоги и родовата рамноправност. Читајќи ја Моќ, стекнав посилен впечаток за насилствата и неправдите кои многу жени ги доживуваат денес“, напишал тој.
I recently published a list of books you might want to read this summer. Each of the writers took a meaty subject and made it compelling without sacrificing any complexity: https://t.co/8fDkR0IWaj pic.twitter.com/Wzqrjbpd9D
— Bill Gates (@BillGates) June 11, 2022
„Why We’re Polarized“ (Езра Клеин) зборува за американската политика, но исто така, вели Гејтс, дава фасцинантен увид во човековата психологија. Инаку, успешниот визионер за себе вели дека генерално е оптимист по прашањето на иднината, но дека слабее неговиот поглед на светот поради се поголемата поларизација во Америка.
„The Lincoln Highway“ (Амор Товелс) е четиво кое на Гејтс му се допаднало од истиот автор на „A Gentleman in Moscow“, која ја памети од 2019 година. Дејството се одвива во 1954 година, а романот зборува за двајца браќа кои се обидуваат да се одвезат од Небраска до Калифорнија за да ја пронајдат нивната мајка.
„The Ministry of the Future“ (Ким Стенли Робинсон) е роман за климатските промени, кој истовремено застрашува но и буди надеж, барем според впечатоците на Гејтс. „Кога минатата година ја промовирав својата книга за климатските промени, неколку луѓе ми рекоа дека треба да го прочитам овој роман, бидејќи драматизира многу прашања за кои пишував. Мило ми е што го направив тоа бидејќи е одличен. Толку е сложен да е тешко да се резимира, но Робинсон претставува стимулирачка и интересна приказна, која опфаќа децении и континети, преполна со фасцинантни идеји и луѓе“, навел Американецот во својот блог.
„How the World Really Works“ (Вацлав Смил) е, пишува Гејтс, „уште едно ремек дело на едено од моите најомилени автори“. За разлика од поголемиот дел на книгите на Вацлав, кои се читаат како учебници и задираат во една тема, оваа е напишана за поширока публика и дава главен преглед на областите на нејзината стручност. Доколку сакате кратко, но темелно образование за нумеричкото размислување за многу фундаментални сили кои го облекуваат човечкиот живот, ова е книга за читање, напишал Гејтс.
Инаку, Вацлав Смил е чешко – канадски научник и автор на чии дела Гејтс посебно се радува.

