Гејтс има нови ПРЕДВИДУВАЊА: Ќе се бараат експерти од овие три области
Еден од најбогатите луѓе на светот и основач на Мајкрософт Бил Гејтс открил дека оние кои ќе се бават со наука, инженерство или економија ќе бидат барани во годините кои доаѓаат.
Според неговите збороци, се работи за „агенти за промена на институциите“.
„Основното знаење од науката, математиката и економијата ќе бидат клучни за остварување на кариерата“, рекол Гејтс.
Како што објаснил, за тоа не треба да се биде експерт во програмирање, туку е потребно да се има способност за размислување на начин на кој тоа го прават експертите од овие области.
„Потребно е да се разбере што тие работат и што можат, а што не“, истакнува Гејтс.
За потсетување, богатстото на Гејтс се проценува на 139 милијарди долари, на листата на најбогатите луѓе на светот го претекнале Џеф Безос и Илон Маск.
Извор: BIZLife
Фото: Screnshot
