Иако синдикатите и властите не се согласија со нас од Гласен Текстилец, сепак обичните смртници и работници се согласуваат. Ние стоиме на ставот дека недела неработен ден не го инициравме за едно вакво законско решение, туку за вистински НЕРАБОТЕН ДЕН. Така работниците се попродуктивни , одморени и не ја гледаме потребата во недела да се работи. Истражувањата велат дека имаме непријавен и неплатен труд и најдолго работно време во цела Европа. А најзагрозени работнички права, но и мизерни плати.
За жал, синдикатот и власта се договорија па ние нема веќе што да дискутираме , освен да го оспориме.