ЕкономијаМакедонија

Дали владата ја загуби контролата врз цените?

Владата најавува засилени контроли, откако и натаму се забележува растот на цените на основните прехранбени производи, а некои како маслото за јадење го нема воопшто на рафтовите.

Од таму велат дека направиле се што може да се направи и дека трговците треба да се општестевно одговорни.

– Тешко дека можеме секаде да стасаме. Таму каде што има информација, инспекциските служби адекватно ќе реагираат, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.