ПравдаСветот на работникот

Дел од „рамковните“ и натаму не одат на работа, ќе се прави нова прераспределба

Судбината на рамковните вработувања – за едни откази, за други унапредувања. Дел од административците се сопнаа на безбедносни проверки, други пак паднаа на испити.

Дел од вработените со Рамковниот договор, кои со планот на Министерството за политички систем минатата година требаше да се префрлат на нови работни места, ќе добијат втора шанса. Министерството за политички систем размислува за изготвување на нов план со кој што ќе се најдат посоодветни работни места за оние кадри коишто не успеаја да се вклопат во институциите каде што беа распределени.

Станува збор за1.349 вработени со К5 програмата кои со планот на вицепремиерот Артан Груби беа распоредени на нови задолженија во повеќе државни институции. Дел од нив веднаш преминаа на новите работни задачи, дел се откажаа набргу по распределбата, некои поминаа низ дополнителни обуки за да се вклопат, но има и такви кои се уште не одат на работа, а земаат плата. Станува збор за лица коишто со распределбата требаше да бидат префрлени пред се во Министерството за внатрешни работи (МВР) и во други институции, каде што е потребно да поминат низ безбедносни проверки. Токму поседувањето на безбедносни сертификати го оддолжи процесот, па многумина чекаат зелено светло од институциите за да тргнат на работа.

Повеќе на Дојче Веле