Останато

Досадните, целодневни обуки за вработените се минато: Ова е сега во тренд

Во тек се некои фундаментални промени во начинот на кој компаниите ги обучуваат своите работници. Тука се долгите и досадни, персонални часови кои компаниите ги користат со децении да ги запознаат своите вработени со секој аспект од работата. 

Но, наместо тоа, шефовите сега користат технологии кои пружаат тренинзи без оглед на тоа дали вработените се во канцеларија или дома. Исто така користат нови начини за подготвување на овие обуки, што претставува подобро и покорисно искуство за работниците на кои им здодеало класичното обучување во сали или преку бескрајно долги видео записи. 

 
Формалната обука во училница беше лесна за планирање и спроведување, истакнува, но организациите не секогаш ги гледале посакуваните резултати“. Вака, од друга страна, би можела да изгледа подобрата варијанта на обучувањето во 2021 година и наредните години, пишуа WSJ.

„Скршете ја“ обуката во повеќе делови

Помина времето кога вработените морале по цел ден да слушаат исцрпувачки тренинзи. Колку некои предавање да се интересни, човек едноставно се заморува, му треба пауза, одмор. „Во просек, концентрацијата на луѓе во текот на онлајн обуката исчезнува на, отприлика, секои седум минути, освен ако не се смени начинот на подучувањето“, вели Сели Ерншо од консултантската компанија „Галагер“. 

Општиот совет е извршните директори да ги разложуваат сложените теми – како што е банкарската технологија – на кратки, пристапни лекции кои можат да траат до седум минути, во зависнот од тема, смета портпаролот на познатата компанија за картички. 

Пократко, а почесто

Оваа техника се надоврзува на претходната која наложува обуките да траат пократко. Од друга страна, за да надоместите се што треба да се каже или пренесе, доколку тренинзите се кратки, тогаш мораат да бидат чести. Кога е во прашање тренингот, да се спроведе еднаш е лесно, но неефикасно. Вработените треба да вежбаваат и да го „одржуваат замавот“ на континуираните обуку, додава WSJ. На овој начин се осигурува новите вештини да се применат на работа. 

Фото: Freepik

Пасивното слушање е бескорисно

Тешко е да се очекува учесниците на обуките да учествуват во онлајн обуки онака како што тоа би го правеле во сала/ училница. Учесниците на курсот мора да учествуваа низ низа активности, а тоа е тешко да се изведе; пасивното слушање секако не е опција. Професорот по наука за игри во лабораторијата „Disruptive Media Learning“ (Универзитот во Coventry), Силвестер Арнаб, вели дека мини игрите може да бидат ефикасна стратегија. 

Може да станува збор за квиз, во кој вработените се обидуваат да одговорат на прашања за она што го знаат. Или, тоа може да биде игра која ги става вработените во сценарио поврзано со работата и бара од нив да носат одлуки за да се движат низ приказната. Направете им авантура, нешто интересно, што ќе ги мотивира. 

Колегите нека учат меѓусебно

Пасивните лекции во училница имаат уште еден проблем: тренерите можеби не разбираат што вработените треба да знаат и држат лекции кои се премногу апстрктни. Едно од решенијата на проблемот е да им дозволите на колегите да се обучуваат меѓусебно. Во многу организации, таквиот вид на обука подобро функционира, „бидејќи вработените живеат во тој контект“, додава се во текстот на WSJ. На пример, некои продажни тимови кои имаат најдобри продавачи – можат да ги тренираат другите продавачи низ состаноци на тимот, на секои две недели. 

Еден пристап не им одговара на сите

Обуката која им одговара на сите често не е доволна да привлече внимание кај вработените. Значи, организациите се насочуваат кон вештачката интелегенција за да ги анализираат вештините на работниците и плановите за кариера, за потоа им нудат обука и задачи кои најмногу им одговараат. Но, што ако воведете нов систем? 

Позната компанија користи Unlocked систем кој подразбира вештачка интелегенција, за да ги поврзе луѓето по пат на курсеви и обуки. Ако корисникот вели дека сака да научи повеќе за „финансиската инклузија“, на пример, системот може да предложи начин за учење или проект кој ќе биде поврзан со таа тема. Ако корисникот сака да работи на тоа да стане виш софтверски инеженер, Unlocked би покажал кои вештини моментално ги поседува, а кои му недостасуваат. Прогамата, пота, препорачува можности кои би му олесниле на корисникот да ги „потполни дупките“ во знаењето.  

Извор: Biznis Telegraf

Фото: Freepik