ЕкономијаМакедонија

Државен завод за статистика: Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, октомври 2020 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, изнесува 109.0.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (12.3 %), Преработувачка индустрија (11.7 %) и Уметност, забава и рекреација (11.4 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4.5 %), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4.2 %) и Стручни, научни и технички дејности (3.8 %). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2020 година, изнесува 41 654 денари.