ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

„Дуално образование“ – Царовска: Од есен повеќе часови пракса за учениците од стручните училишта

Новата програма за средно образование го зголемува обемот на практичната настава во стручните училишта, открива министерката за образование Мила Царовска, во интервју за вечерашното издание на емисијата „Економски Магазин“ на Алсат. Како што појаснува Царовска, секоја паралелка во текот на четиригодишното образование практичната настава ќе ја спроведува во една иста компанија, а обемот на наставата ќе се зголемува од година во година.

„Феријалната пракса во трета година е најинтензивна, затоа што во четврта нема феријална, летниот период треба да пристапат кон вработување. Тоа укажува дека и наставниците и учениците ќе бидат во постојана комуникација со компанијата кадешто е одлучено дека таа паралелка ќе има дуално образование или образование и во компанијата и во училиштето“, рече Царовска.