Нов тренд меѓу вработените – луѓето остануваат на работните места кои не ги сакаат затоа што се плашат од промени
Се’ повеќе вработени избираат сигурност наместо промена. Феноменот „згрчено држење за работата“ покажува зошто луѓето остануваат на работните места со кои не се задоволни.
На пазарот на труд се појавува нов феномен кој експертите го нарекуваат „job hugging“ или „згрчено држење за работата“, пренесува Index.hr.
За разлика од претходно популарниот тренд „job hopping“, кога вработените често ги менувале компаниите во потрага за напредување и подобри услови, денес многумина избираат да останат таму каде што се – дури и ако не се задоволни со платата, позицијата или работното опкружување.
Причината повеќе не е лојалност кон работодавачот, туку страв од незивесноста.
Зошто луѓето се плашат да ја променат работата?
Експертите за пазарот на труд сметаат дека неколку фактори довеле до промена на однесувањето на вработените.
Меѓу главните причини се:
- раст на трошоците за живот;
- неизввесноста на пазарот на труд;
- побавно вработување во одредени сектори;
- бранови на отпуштања во големите компании;
- страв од тоа како вештачката интелигенција влијае на поеднични занимања.
Многу вработени денес проценуваат дека посигурна опција е да ја задржат постојната работа и редовните примања отколку да ризикуваат да преминат во нова фирма каде не знаат што ги чека.
Кога сигурноста станува проблем?
На прв поглед, помалата флуктуација на вработени делува како добра вест за компаниите.
Меѓутоа, експертите предупредуваат дека стабилен број на вработени не секогаш значи и задоволна работна сила.
Многу луѓе кои остануваат на работа поради страв од промена со текот на времето можат да ја изгубат мотивацијата, помалку да се вклучуваат во нови проекти и се помалку да бидат подготвени да развиваат нови вештини.
Таквата ситуација може негативно да влијае и на компанијата, бидејќи незадоволните вработени често го работат само она што мораат, без дополнителна иницијатива и желба за напредок.
Job hugging го менува однесувањето на вработените
Додека претходно промената на работата била знак на амбиција и желба за напредување, денес таа за многумина претставува ризик.
Вработените се’ почесто размислуваат:
- „Дали сега е вистинскиот момент да ја променам работата?“
- „Што ако не пронајдам ништо подобро?“
- „Дали е посигурно да останам каде каде што сум?“
Во таква атмосфера многумина избираат познато опкружување, дури и кога знаат дека работата повеќе не им пружа задоволство.
Дали луѓето повторно ќе започнат почесто да ги менуваат работните места?
Аналитичарите сметаат дека трендот „job hugging“ ќе трае се’ додека вработените имаат чувство дека пазарот на труд е несигурен.
Ако се зголеми бројот на квалитетни работни места и компаниите започнат повторно посилно да се борат за добрите работници, можно е луѓето да носат полесни одлуки за промена на работодавачот.
До тогаш, многумина ќе го избираат она што моментално им делува најбезбедно – сигурна плата и познато работно место, дури и ако секое утро одат на работа која повеќе не ја сакаат.
Извор: Bizportal.rs

