СветСветот на работникот

На Германија и недостигаат дури 25.000 стручњаци за ова занимање, а платите достигнуваат и до 7.700 евра

Додека многу професии се соочуваат со автоматизација и неизвесност, една дејност во Германија бележи спротивен тренд – побарувачката за стручњаци никогаш не била поголема, а платите продолжуваат да растат.

Станува збор за даночните советници, занимање, кое според германските институции, се наоѓа меѓу десетте професии со најголем недостиг на квалификувани работници.

Недостигаат илјадници стручњаци

Германскиот економски институт (IW) проценува дека минатата година недостигале околу 14.000 даночни советници, додека струковните здруженија сметаат дека вистинскиот недостиг е уште поголем и дека достигнува дури 25.000 стручњаци.

Една од главните прични е се’ посложениот даночен систем. Се’ повеќе граѓани и компании ангажират стручњаци за правилно да ги поднесат даночните пријави, да ги искористат даночните олеснувања и да ги избегнат грешките кои можат да ги чинат.

Според податоците на германското здружение за дигитална индустрија Bitkom, веќе во 2025 година околу 17 % од приближно 15 милиони даночни обврзници користеле услуги на даночни советници, што претставува значаен раст во однос на претходната година.

Плати кои привлекуваат нови кадри

Големата побарувачка довела и до раст на платите.

Според податоците на платформата Kununu, даночните советници со неколку години искуство во просек заработуваат околу 73.500 евра бруто годишно, односно помеѓу 6.000 и 7.000 евра бруто месечно.

Почетниците по положениот стручен испит можат да очекуваат годишна заработка помеѓу 48.000 и 59.000 евра, додека искусните стручњаци, посебно оние вработени во големи ревизиорски куќи или водечки консултантски компании, можат да заработат и повеќе од 8.500 евра бруто месечно.

Најголеми плати се забележуваат во економски најразвинеите германски сојузни држави, како Хесен, Баден – Виртемберг и Хамбург.

Работата не се состои само од пополнување на даночни пријави

Иако многумина оваа професија ја поврзуваат исклучиво со пресметка на даноци, работата на даночниот советник денес е многу пообемна.

Тие ги советуваат компаниите пред да инвестираат, финансирање, продажба или купување на претпријатија, планирање на наследство, реорганизација на деловните активности и бројни други финансиски одлуки.

Токму поради тоа нивната улога станува уште поважна, особено за малите и средните претпријатија кои немаат големи интерни финансиски тимови.

До професијата не можен само еден пат

За разлика од многу други високо платени занимања, за да се работи како даночен советник не е неопходно да се заврши одреден факултет.

Во Германија право да положат стручен испит имаат и даночните асистенти кои стекнале доволно работно искуство. Тоа оваа професија ја прави привлечна и за луѓето кои сакаат промена на кариерата или сакаат да напредуваат без повторно да запишат студии.

Даночните асистенти, меѓутоа, имаат значајно пониски плати – во просек околу 41.000 евра бруто годишно.

Многумина работат за себе

Особено е интересно тоа што голем дел од финансиските советници не се вработени во компании. Според податоците на Германската комора на даночни советници, околу 66 % од нив работат како самостојни претприемачи и водат сопствени канцеларии.

Нивните примања можат да бидат значајно поголеми од просекот, но зависат од бројот на клиенти, видот на услугата и регионот во кој работат.

На пример, во богатите градови како Дизелдорф постојат повеќе од 40 даночни советници на 10.000 жители, додека во одредени помали средини има само неколку.

Занимање кое ќе биде се’ побарано

Стареењето на населението, заминувањето на стручњаците во пензија и се’ посложените даночни прописи дополнително ја зголемуваат побарувачката за оваа професија.

Поради тоа германските медиуми се’ почесто наведуваат дека токму даночните советници во наредните години ќе бидат меѓу најбараните стручњаци на пазарот на труд, со ИТ инженерите, здравствените работници и знаетчиските занимања.

За оние кои размислуваат за меѓународна кариера или промена на професијата, ова е едно од занимањата кои моментално нудат комбинација на голема побарувачка, натпросечна плата и стабилни можности за долгороечен развој.

Извор: BIZLife.rs