Еве што е МЕДИТАЦИЈА и колку е важна: Упатство за почетници, една работа е клучна
Живееме во ера на брз живот и постојан стрес предизвикан од мноштво ситуации кои во голем дел ни отежнуваат да го одржиме умот бистар и правилно да се грижиме за менталното здравје.
Како да се медитира:
Пронајдете мирно место каде никој нема да ви пречи. Седнете во удобна положба, започнете да се опуштате и затворете ги очите. Фокусирајте се на вашето дишење.
Пополека вдишете преку носот, почувствувајте како воздухот ви ги полни белите дробови, а потоа пополека издишете преку уста, отпуштајќи ја сета напнатност и анксиозност.
Верувајте му на својот здив и дозволете му да стане ритмичен и мирен.
Замислете дека сте на безбедно и мирно место. Тоа може да биде било кое место на кое се чувствувате пријатно. На пример, удобната соба од детството, мирна плажа, езеро, поле со цвеќиња или нешто друго. Визуелизирајте го ова место во сите бои, почувствувајте ги мирисите, звуковите, боите.
Фокусирајте се на своите чувства. Обидете се да идентификувате каде чувствувате вознемиреност или стрес. Можеби во градите, стомакот или главата. Само прифатете ги овие чувства без отпор и осудување.
Потоа фокусирајте се на своето дишење. Дозволете вашиот здив да стане ваш фокус.
Замислете дека секоја вознемирувачка мисла пополека ве напушта и заминува со ветерот или се раствора во езерото. Немојте да се врзувате за овие мисли, немојте да ги анализирате. Само примете ги и пуштете ги.
Вратете го својот ум во состојба на мир на местото кое сте го визуелирале. Важно е да го почувствувате ова место околу себе и да дозволите да се прошири по вашето тело и ум.
Кога ќе бидете подготвени, пополека отворете ги очите и останете потполно мирни неколку минути. Почувствувајте го мирот. Доколку ја практикувате секојдневно, оваа медитација ќе ви помогне да се ослободите од анксиозноста и да ја зголемите хармонијата.
Извор: Espreso.co.rs
Фото: Profimedia

