ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА КАКО ДЕЛ ОД ТРУДОВАТА ПОЛИТИКА, А НЕ МЕРКА ЗА ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ
Став на Александар Димитријевиќ, адвокат
Утврдување на минмалната плата треба да биде прво скалило од кое ќе почне да се гради фундаментот на државата, а не основен инструмент за покажување на грижа кон работниците.
Минималанта плата преставува степен на минимум стандард за основните човекови потреби како што се храна , огрев и обувки. Ако се земе предвид износот на потрошувачката кошничка објавена од Државниот завод за статисктика, сегашната минимална плата не може да ги задоволи основните човекови пореби и стандарди што инклинира од хуман кон анимален пристап на преживување. Наводниот ” политички триумф” на економските дебитанти не е ништо друго освен протеже на крупниот капитал со што реверзибилен процес на усогласување на платите би бил слепа улица во иднина. Класното раслојување во општеството треба да биде намалено на помала разлика помеѓу богатите и сиромашните а најбројна класа треба да бидат работниците како дел од средната класа. Треба да се осмислат начините на интеграција на социјално загрозените во процесот на трудот како би биле корисни членови на општеството.
Отсуството од способност за терминолошка демаркација помеѓу пазарно опшество и капитализам го оневозможува патот кон креирање на добри трудово правни политики во едно општество. Па, наместо амбиција за личен развиток, акцентирањето на минмалната плата како награда за добро однесување е демотивација на сите чинители во работиот процес. Креаторите треба да бидат свесни дека никој не смее да прима минимална плата затоа што тоа е минималниот стандард, а нивен фокус да бидат минималните приходи кои треба да ги прима едно семејство за да има достоинствен живот според критериумите на европските држави како и да можат да израснат и воспитаат деца. Според нашето законодавство работниците имаа право на зимски и летен одмор кои се претпоставува дека ќе ги искористат надвор од домот. Согласно потрошувачката кошничка, заедно со платите треба да се усогласат и пензиите, социјалната помош, нега за трети лица и испратнината за отказ од деловни причини. Целокупната политика од социолошки аспект за спроведување на трудовата политика треба да биде поттикната од трошоците за живот, а не од можноста на компаниите за исплата на плата, а за таа цел државата треба да спорведе низа мерки на добри политки кои предвидуваат одморалишта за вработените со ефтини аранжмани, државна интервенција во утврдување на цените на природените ресурси и оптимална алокација на средствата и нивно искористување според редоследот на социјална загрозеност.
Ставовите изразени во колумната се одговорност на авторот и во ниеден случај не ги одразуваат ставовите на редакцијата на Порталот Работник.

