МакедонијаПравдаСветот на работникот

Здружение на пензионери: Се приклучуваме на протестот на КСС и даваме целосна поддршка!

Отворено писмо на Здружението на пензионери до Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија:

Почитуван Претседателе Ралповски,

Го пишуваме оваа писмо со цел да ја изразиме нашата поддршка за најавениот протест кој ќе се оддржи на ден 15.04.2021 година.

Сметаме дека борбата за работничките права исто така влијае и на благосостојбата на пензионерите и на оние лица чии интереси ги браниме.

Од друга страна сме сплотени во борбата за извојување правда со институциите, имајќи во предвид дека Здружението на пензионерите се бори за да го воспостави прибирањето на членарината од своите членови според законските регулативи, а како друг проблем е одбивањето на нашето барање од Министерство за труд и социјална политика, за исплата на еднократен ковид додаток на сите пензионери и постари лица кои немаат никакви примања.

Уште еден проблем со кој се соочуваме е несоодветниот начин на усогласување на пензиите, со кое се покажа дека пензиите во однос на порастот на просечната плата се паднати за 5% на ниво на Р.Македонија од 2018 година до 2020 година.

Ја поздравуваме иницијативата, ја поддржуваме согласно нашите можности и ќе се приклучиме на протестот.

Сметаме дека заедно сме посилни во борбата за одржување на веќе загарантираните права согласно законите и меѓународните конвенции на МОТ.

 ПРИСТОЈНА ПЛАТА ЗА ПРИСТОЈНА ПЕНЗИЈА

Со почит,

Здружението за остварување на

пензионерските права ПЕНЗИОНЕРИ КСС-ПСМ

 Претседател

 Марјан Спасовски