Идната власт во Германија планира воведување строги мерки против коронавирусот
Партнерите во идната германска влада – СПД, Зелените и ФДП се обединети во ставот дека нема да има нови затворања во целата земја, но сметаат дека се потребни строги мерки и во наредните денови во Бундестагот ќе поднесат барање за усвојување нови мерки поради зголемиот број новозаразени.
Планот на идните коалициски партнери е да донесат закон со кој би се вовеле строги мерки уште пред да се формира владата.
Според весникот „Билд”, тие мерки предвидуваат строги правила кој со кого, кога и каде може да сретне.
Предвидено е и воведување обврска за поседување „3Г” докази – потврда за вакцинација, потврда за прележан Ковид-19 или негативен тест – за користење јавен превоз, без разлика дали се работи за локален, регионален или друг превоз, што треба да важи и за такси возилата.
Исто така, маската сè уште ќе биде потребна во јавниот превоз.
Германската „семафор коалиција” планира да воведе „3Г” на работното место, а форсира и работа од дома.
