МакедонијаСиндикат

Измени на Законот за работни односи: „Ќе се намалува условот за определување на репрезентативноста на синдикатите“

Законот за работни односи ќе се менува по скратена постапка. Група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ предлагаат условот за определување на репрезентативност на синдикат да се намали од постоечките 10 на 5% од вкупниот број на вработени во Македонија кои плаќаат членарина на синдикатот.

Во предлог измените пишува дека „Со оваа измена се врши изедначување на условите за определување на репрезентативност на синдикатите со организацијата на работодавачите и се одредува ист процент од 5%“. 

Првиот човек на Конфедерацијата на слободни синдикати, Благоја Ралповски, вели ова е една од препораките на Меѓународната организација на трудот уште од пред две години.

Измени на Законот за работни односи

Извор: Сител