Измислена нова професија во угостителството – Waitographer
Колку пати сте замолиле келнер да ве фотографира во ресторан или кафуле? Ова прашање гостите го поставуваат многу често, малтене исто колку што бараат и пасворд за интернет.
Веруваме дека на келнерите не им се секогаш „мило“ кога ќе се најдат во таква ситуација, иако ретко кој би го одбил ова барање од гостите. Но, во таа смисла се појавила една, како некои што велат, „фантастична иновација“.
Имено, во Хилтон е претставена нова програма по име Waitographer.
Негова работа е да фотографира, доколку нема кој, а сакате групна, семејна фотографија од ручекот. Познатиот ланец на хотели најавил дека покренува нова програма, со цел да го обучи членовите на тимот да прават стручни фотографии и да забележат посебни спомени.
Waitographer е, како што се наведува, започнат и работи со речиси 100 членови од тимот на Хилтон кои веќе поминале низ работилницата на познатиот фотограф Роџер Моукарзела, а планирано е уште од нив да поминат низ обуката.
Од Хилтон порачуваат „совршено да ги забележите своите нови сеќавања со Хилтон!“.
Извор: Telegraf Biznis
Фото: Shutterstock

