Како да најдете работа ако имате повеќе од 50 години? 6 клучни совети
Генерално, луѓето на пазарот на труд се соочуваат со разни облици на дискриминација, во главно со родова и старосна.
Двата вида најчесто ги погодуваат жените. Но, тоа секако не значи дека ни мажите не се ставени пред предизвици, особено во време на криза кога компаниите се борат за најквалитетните кадри, истовремено барајќи работна сила, но и намалувајќи го бројот на (непотребни) работни места/функции.
И BBC овие денови се бави со прашањето на старосната дискриминација, односно ги советува оние кои наполниле 50 години како да најдат работа во овој момент и да го обезбедат своето „место под сонцето“ на тесниот пазар на труд.
6 мудри совети
Фокусирајте се на способностите наместо на годините
За жал, стареењето и понатаму е проблем, вели Џејмс Рид, извршен директор на компанијата за вработување Reed. „И покрај законите кои ја спречуваат старосната дискриминација, постарите луѓе кои бараат работа и понатаму можат да се соочат со неа“, додава тој и предлага наместо да го насочувате фокусот на годните, тоа да го направите на способностите – каде и да е тоа можно. Иако, не би требало да лажете за своите години, нема потреба ни да ги истакнувате.
Бидете отворени во врска со релевантните здравствени проблеми
Ако здравјето е причината поради која сте ја напуштиле последната работа, тоа може да биде незгодно. Но, не морате на интервјуата за работа тоа да го спомнувате, освен ако може да влијае на работата во иднина. Петра Таг, директорка на компанијата Manpower, вели дека на вам е да одлучите колку информации ќе споделите.
„Нема потреба да ја откривате историјата на болести, ако сте сигурни дека тоа нема да влијае на вашата способност да ја вршите работата“, вели таа и додава дека треба да бидете искрени во врска со здравствените проблеми кои можат да влијаат на вашите способности.
Унапредете ги своите вештини
Постарите работници често можат да се соочат со предрасуди во врска со дигиталната писменост и вештините, вели Џејмс Рид. Поради тоа, советува да ги усовршите вашите вештини во оние области кои работодавачите ги ценат. Исто така, слободно во пријавата јасно кажете дека сте заинтересирани за нови предизвици и учење нови вештини.
Слободно барајте флексибилно работно време
Некои постари работници сметаат дека немаат енергија за работа на полно работно време, или премногу се грижат, или едноставно повеќе сакаат да работат на скратено работно време. Но, не треба да се плашите да барате пофлексибилна работа која, сега, после пандемијата е сеприсутна.
Всушност, работодавачите тоа можат да го очекуваат. Компаниите се повеќе сфаќаат дека понудата на флексибилната работа може да помогне во задржување на постарите работници, а стекнатото знаење и искуство никој не може да ви го одземе, ниту оспори.
Реинвестирајте во себе
Џејмс Рид вели дека луѓето над 50 години кои бараат работа, не би требало да ја исклучат можноста за стекнување на нови професионални квалификации. Тој став може на потенцијалните работодавачи да им ја покаже вашата способност за прилагодување и стекнување нови вештини, или дури да биде почекот на потполно нова кариера.
Не се потценувајте
Петра Таг вели дека постарите работници треба да се обидат да го избегнат „влегувањето во замка“ кога станува збор за потценувањето. Таа истакна дека често предноста кај постарите работници е поголемото искуство. „Во околностиво кои друг, помлад кандидат изгледа дека има повеќе понуди, потсетувањето на она по што се издвојувате од другите е брз и ефикасен начин да изградите свест и доверба во себе и сопствената вредност“, вели таа, пренесува BBC.
Извор: Telegraf Biznis
Фото: Shutterstock

