(КВИЗ) Тест кој го користат фирмите за да видат каква личност сте
Постои тест осмислен уште за време на Втората светска војна кој открива дури 16 типови на личности, а компаниите денес често го користат при интервју за работа.
Тестот го осмилиле Изабел Мајер и Катарина Бригс, па поради тоа се нарекува „Мајерс – Бригс“. Интересно, се се случува во време кога многу мажи заминувале во војна, па се јавила потреба на жените да им се олесни изборот на работа, инаку, на „машките работни места“.
Има само 4 прашања и нуди одговори, а покрај секој одговор се наоаѓа буква која би требало да ја запомните или запишете. Секако, судејќи по одговорите на тестот, можете да видите дека некои работи со текот на времето се модифицирани/прилагодени (на пр. делот каде се споменува мобилен телефон, итн.)
1. Потполно сте исцрпени бидејќи сте имале многу тешка недела. Како ќе го поминете викендот?
E: Ќе им се јавам на пријателите да ги прашам дали имаат нешто испланирано. Слушнав дека се отворил нов ресторан/се прикажува нов филм во кино или има голем попуст во куглана. Би требало да излеземе заедно и да се забавуваме.
I: Ќе ја вклучам „не возмирувај“ (not disturb) опцијата на мобилниот и ќе останам дома. Ќе гледам нови епизоди од омилената серија, ќе сложувам сложувалки, ќе подготвам купка, ќе читам книга.
2. Кој од овие два описи најмногу ви одговара?
S: Најважно ми е тоа што се случува сега и овде. Ги проценувам вистинските ситуации и обраќам внимание на детелите.
N: Фактите се здодевни. Обожавам да сонувам и да ги „одмотувам“ идните случувања во главата. Повеќе се потпирам на интуицијата, отколку на информациите.
3. Директниот конкурент на вашиот работодавач ви нуди работа. Имате одредени дилеми, со оглед на тоа дека нуди поголема плата, но тука имате одлични соработници. Шефот на вашиот оддел напоменал дека ќе ве предложи вас да го замените кога ќе оди во пензија. Каква одлука ќе донесете?
T: Ќе се потрудам да ги набавам сите достапни информации за ривалската компанија, ќе го замолам шефот на секторот за човечки ресурси за совет и ќе направам список „за и против“, за новата и старата работа. Во вакви ситуации важно е да се „измерат“ сите аргументи и со „студена глава“ да се процени ситуацијата.
F: Секогаш се трудам да го следам својот инстинкт и да го слушам своето срце.
4. Ostale su još samo dve nedelje do venčanja vašeg bliskog prijatelja. Kako ste se pripremili za taj događaj? Останале само уште две недели до венчавката на ваш близок пријател. Како сте се подготвиле за овој настан?
J: Пред еден месец ангажирав музичари да ја отсвират нашата песма од средно школо; направив колаж со фотографии од заљубениот пар; напишав песна; најдов што да облечам.
P: Зошто да се подготвам? Ќе се забавувам и ќе уживам на прославата. Говорот за младениците ќе го импровизирам. Сепак, најдобрите работи се случуваат спонатано.
Кој тип на личност сте?
1. ESTJ – Директор
Секогаш планирате и кај вас секогаш се е совршено во ред, но, пред се, сакате да ги уверите луѓето во својата првичност и да ги наведете да размислуваат слично како вас.
2. ENTJ – Командант
Животот за вас е борба, а по неа се проценувате себеси и луѓето околу вас. Како храбра личност, склона на ризици, лесно пронаоѓате инспирација за започнување на нови работи.
3. ESFJ – Учител
Лесно создавате нови познанства и обично сте во центарот на вниманието, било каде да се појавите. Се грижете за своите блиски и секогаш сте спремни да им помогнете да другите, дури и ако треба да се жртвувате за нешто.
4. ESTP – Маршал
За вас дефинитивно не важни фразата „Важно е да се учествува“. Не го бирате начинот да ја постигнете целта, па дури и ако е на база на физичка сила. Поради тоа се држите до планот, не поднесувајќи компромиси, ниту пак зависите од некој/нешто.
5. ENFJ – Ментор
Емотивни сте, често гестикулирате кога комуницирате, лесно воочувате лаги. Често однпаред имате чувство за тоа „што се спрема“.
6. ENTP – Пронајдувач
Вие секогаш настојувате да откриете нешто ново, давате свежи идеи, лесно се прилагодувате во непознато опкружување и знаете како без многу мака да совладате различни методи.
7. ESFP – Политичар
Од професионална страна, знаете да ги вооите приликите коишто ви се пружаат во вашето опкружување и често ја користите таа вештина за манипулирањ на другите луѓе. Во комуникацијата, првенствено ги гледате своите лични интереси.
8. ENFP – Шампион
Полни сте со енергија, љубопитност, имате јасно изразени креативни способности, понекогаш сте и интровертни, а понекогаш ексторвертни, што резултира со тоа добро да се согласувате со луѓето во својата околина. Умеете да дадете добар совет.
9. INFP – Исцелител
Вие сте голем сонувач и поет, најважна ви е вашата внатрешна хармонија. Сакате да се дотерате и добро да изгледате во сите околности, а може да се каже дека често „губите поим“ за времето и реалноста.
10. ISFP – Композитор
Пронаоѓате среќа во едноставните работи, а монотонијата не ви преставува проблем. Сакате да им помагате на луѓето, но без да им влегувате во личниот простор. Не чуди што не поднесувате конфликт.
11. INTP – Архитект
Вие сте, едноставно речено, интелектуалец и филозоф. Секогаш барате мирни емоции и утеха и сте многу претпазливи пред да донесете одлука. Сепак, чувствителни сте на промени и тешко се носите со нив.
12. INFJ – Savetnik
Имате феномелано чувство општествените односи на другите. Лесно препознавате туѓо расположение, како и скриени таленти, што е една од главните причини зошто луѓето од вас често бараат совет. Никогаш не престанувате да учите нови работи.
13. INTJ – Покренувач
Имате многу богат внатрешен свет од кои црпите неверојатни идеи. Тежнеете кон совршенство, секогаш настојувајќи да подобрите нешто или некој, но поради тоа често имате и проблем со луѓето од својата околина.
14. ISFJ – Заштитник
Не поднесувате неискреност во односот и јасно правите разлика помеѓу луѓето во својот внатрешен круг и странците кои се трудите да ги држите подалеку од вас. И покрај тоа, внимателни сте и ги бирате зборовите.
15. ISTP – Мајстор
Мајсторот, по правило, размислува „технички“ и сака да работи со рацете. Не брзајте со носење на одлуки и мислите дека е подобро се да се провери по два пати. Внимавате на роковите и секогаш се правите на време, а во работата сте прецизни. Од друга страна, светот го проценувате на основа на своите чувства.
16. ISTJ – Инспектор
Промислен, лојален и одговорен. Никогаш не ги земате работите здраво за готово, туку секоја нова информација добро ја анализирате. Насочени сте кон резултатите, почитувате авторитет и ред, а во работата сте педантни.
Извор: Biznis Telegraf
Фото илустрација: Nikola Jovanović/Shutterstock
- Ампева: Кој ќе ги покрие дневниците на работниците од приватниот сектор? - 17/04/2024
- Негодување поради доцнењето на платите: Заменик министерот го критикува менаџментот на Јавното претпријатие „Македонски шуми“ – Трипуновски бара оставка од директорот и владина интеревенција - 17/04/2024
- Вработените во Македонски шуми го блокираа сообраќајот во Скопје, бараат неисплатени плати: Закани за радикализација на протестите – 1800 луѓе се наоѓаат во неизвесност - 17/04/2024