„Клиниката за Онкологија нема евиденција за починати пациенти дома!“
Како натпартиска иницијатива, ве повикуваме да го споделите нашиот нов повик за протест пред Влада во понеделник во 18 часот, кој ќе заврши пред Обвинителство. Протестот е организиран поради новиот скандал врзан со немањето евиденција на Клиниката за онкологија за починатите пациенти во домашни услови и требување на лекови за црн пазар, наместо за пациентите.
Клиниката за онкологија ги води како живи пациентите кои некогаш се лекувале таму, а потоа починале во домашни услови!
Причината за ова е постоењето на два системи кои ја организираат работата со пациентите:
„Мој термин“ и „УЛТРА“, но во ниту еден од нив не била регистрирана смртта на пациентите пуштени на домашно лекување.
Според информациите во медиумите, системот „УЛТРА“ е местото каде се заведува каков лек примил секој пациент и по однос на заведеното се прават требувањата од одделот до аптеката. Согласно ова, за пациенти кои се починати дури и пред десеттина години, на нивното досие во „УЛТРА“ почнувале да се лекуваат други пациенти.
Ако се земе предвид дека овој пропуст постои уште од првиот ден кога е воспоставен овој систем, и за проблемите и пропустите во истиот знаат од директорите на Онкологија до сите министри за здравство изминативе години, тогаш нема сомневање дека системскиот пропуст е намерен.
Бидејќи не се преземало ништо сите овие години проблемот да се реши, се поставува прашањето:
Дали овој пропуст е направен со цел злоупотреба на починатите пациенти и истиот е користен за требување на лекови кои се продаваат на црниот пазар?!
Затоа, го повикуваме обвинителството сериозно да се зафати за работа.
Одговорност за правењето криминал и заработувањето пари на сметка на починатите пациенти мора да има!
А ние, излегуваме на протест во понеделник од 18 часот кој ќе заврши пред Обвинителство.
Или ќе ги најдете виновниците и криминалците, или сте нивни СОУЧЕСНИЦИ! Поинаква опција НЕМА!

