Вести

Компанија од „сенка“: Веројатно не сте слушнале за неа, а Шварцернегер и Леброн Џејмс многу ѝ должат

Main Street Advisors е калифорниска компанија која помогнала во заклучувањето на многу договори, а сега собрала 1.1 милијарда долари за да заклучи уште повеќе договори поврзани со славните личности.

Настанала пред 25 години, низ работата на основачот Пол Вахтер кој го советувал Арнолд Шварцернегер, а потоа и Леброн Џејмс, Боно, Били Ајлиш, за тоа како да го искористат својот успех во спортот и уметноста за да изградат деловни империи.

Со новиот фонд собран од некои од тие исти ѕвезди, како и од институционални инвеститори, компанијата оди кон тоа да добие поголема улога во тие трансакции. На пример, била клучна во преговорите на Дрејк со Universal Music Group, спогодба која е направена минатиот месец која наводно е вредна повеќе од 400 милиони евра.

Додека не се појавиле социјалните мрежи, не било лесно да се „преточи“ своето славно име во бизнис и токму тука најголем дел играла оваа компанија од САД. Американските ѕвезди веќе имале огромна моќ во медиумите и кога станува збор за финансиите, но повеќе не им е доволно да бидат креатори на вкусови и да добиваат поддршка од фановите.

Имено, спортистите, музичарите и актерите се повеќе се главни инвеститори во сопствени проекти.

Пронајдовме начини како да ги креираме работите околу влијателните луѓе кои на производите им даваат автентичност и кредибилитет кој го заслужуваат“, рекле од компанијата.

Токму како Шварцернегер во 1980 –тите успеал да го убеди Universal Pictures да го испрати шриум светот на пазарот на филмови како што е Конан Варваринот. Актерот, заедно со Силвестер Сталон, Брус Вилис и Вупи Голдберг, му го позајмил на ланецот не само своето име и сувенири, туку и отворање на ресторанот го направил ивент – заедно со сјајот и вниманието на филмските премиери.

Вахтер ја изградил компанијата која брои повеќе од 30 вработени, а која се бави со управување на богатства, советување за спојувања и аквизиции и директни вложувања. Сите овие компании се информираат меѓусебно, а кога ќе се направи партнерство помеѓу компаниите и клиентот, Main Street бара начини органски да ги вклучи и другите клиенти во работата, понекогаш и како доверители, а често и како ко – сопственици.

Фото: Arnold Švarceneger/Profimedia/London Entertainment / Shutterstock Editorial